ФОТО: Рама во Прешево дочекан со овации

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Прешево беше дочекан со овации од присутните граѓани.

Граѓаните на Прешево, кои го исполнија главниот плоштад го дочекаа Рама со албански знамиња и силна музика, а претходно низ градот беа поставени билборди „Добредојде премиере“.

Посетата на Прешево Рама ја почна во општината каде на вонредна седница пратениците на општинскиот парламент планираат да го прогласат за почесен граѓанин. Потоа тој ќе се обрати пред граѓаните пред Домот на културата и ќе се сретне со бизнисмени и матуранти од Прешево.

На зградата на општина Прешево е истакнато државното знаме на Србија и локалната управа, а на плоштадот пред општината нема никакви други национални симболи.

rama rama4  rana