ФОТО: Раскошот на Арапските шеици

Раскошот на Арапските шеици е просто незамислив за голем дел од нас. Арапските шеици водат живот што е незамислив за обичните смртници. Едни деноноќно уживаат во оргии, други возат автомобили со дијаманти, а трети нарачуват десерти со злато што се јаде.

Шеикот Рашид, најстариот син на лидерот на Дубаи, шеикот Мохамед, почина на 33 години поради срцев удар. Така барем тврдат официјалните извештаи. Инаку, во јавноста е познато дека тој водел блескав живот исполнет со коњски трки, убави жени и брзи автомобили. Често се шпекулираше дека тој е наркоман и зависник од секс. Зад раскошниот живот на арапските шеици се крие нивното неверојатно богатство.

Таткото на Рашид, Мохамед бин Рашид ал Мактум (66) тежи повеќе од 20 милијарди долари, со што тој е најбогатиот монарх во светот. Тој е познат како голем љубител на коњи. Тој поседува најголем број тркачки коњи во светот што освоиле повеќе од 150 трофеи.

Шеикот Мохамед има две сопруги 24 деца. Неговиот син, престолонаследникот Хамдан бин Мохамед бин Рашид ал Мактум (32) познат по прекарот Фаза, за време на посетата на еден од најскапите ресторани во Њујорк заедно со осум членови на личното обезбедување нарачал куп од ванила со златни личиња што се јадат вреден 1.000 долари.

Куп од ванила со златни личиња што се јадат
Куп од ванила со златни личиња што се јадат

Годинава младиот шеик беше во посета на Хрватска. Принцот што обожава поезија и веќе има објавено неколку збирки, уживаше во Дубровник, на островите, а ја посети и Црна Гора.

Минатото лето во Хрватска беше еден од најпознатите арапски шеици познат по својата екстраваганција. Принцот Авалид бин Талал (60) од Саудиска Арабија, внукот на основачот на Саудиска Арабија и внук на кралот Абдула, за својот престој зема под закуп половина од хотелот „Еспланада“ и на цел ден тврдината Медведград.

diamond-mercedes

Неговите омилени играчки се автомобилите, а во својата колекција има околу 300. По целата колекција на спортски автомобили, принцот минатата година купи Мерцедес обложен со дијаманти вреден 48 милиони евра. По ова, принцот потрошил уште 3, 5 милиони евра за набавка на дијамантски мотоцикл.

dijamantski-motor

Инаку, покрај скапите и луксузни „играчки“ арапските шеици се понати и по бурниот начин на живот, со ноќни забави, оргии и брзи автомобили. Повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.