ФОТО: Расте бројот на жртви во Канада, досега извлечени 10 тела

Продолжува трагедијата во Квебек, од 32-те настрадани спасувачките екипи извлекоа 10 тела, се стравува дека и остананите се загинати.

Најголемиот проблем е тоа што поради ниските температури веднаш се заледила водата со која се гаснеле пламените јазици, па жртвите останале заробени под ледот. Спасувачите велат дека и да го преживеале пожарот, тешко дека ќе го преживеаат студот.

Пожар избувнал во дом за стари лица во канадскиот град Квебек околу три часот наутро по локално време во четвртокот.

Неколку дена по огнената стихија која предзивика голема трагедија полицијата ги истражува можните причини.Според канадските медиуми најверојатно пожарот избувнал во соба каде еден од пензионерите скришно пушел цигари.

„Можеби е цигара, можеби е мала греалка, можеби е електричен проблем“, изјавил портпаролот на полицијата Мишел Брунет кој додал дека ќе им треба повеќе време за да ја откријат точната причина за пожарот кој зема 32 животи.