ФОТО: Разголена баба хит на социјалните мрежи

Осумдесет и шестгодишната Бади Винкл секојдневно на Твитер и Инстаграм објавува провокативни фотографии, снимки и пораки со кои докажува дека „не е важно колку години имаш, туку колку си млад во срцето“.

Оваа баба не се срами да објави фотографии во, понекогаш бизарни изданија, па дури и видео снимки како танцува заводливо. Бади меѓу другото се залага и за легализација на марихуаната, а во една прилика се покрила и со зелени листови.

Таа е модел за костими за капање од брендот DimePiece LA. За себе вели дека е „најдобра љубовница на светот“, а сака да украде и по некој маж.

Бади Винкч успеа за кратко време да собере речиси 800.000 следбеници на Инстаграм, а нејзините смели фотографии секако привлекуваат внимание.

Иако е свесна дека нејзиното тело не изгледа повеќе младо, тоа не ја спречува да се чувствува добро во својата кожа.

2

3

4