ФОТО: Рехабилитиран локалниот пат Илинден – Марино

Новиот рехабилитиран локален пат Илинден-Марино во вкупна должина од 2.100 метри денеска беше пуштен во употреба од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Во рамки на реализацијата на капиталниот проект за подобрување на локалната патна инфраструктура- изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на општинските улици и патишта, како и подобрување на инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси во Општина Илинцен, извршена е комплетна рехабилитација на овој пат.

pat ilinden

Покрај новиот асфалт на оваа делница од патот изведена е атмосферска канализација за прифаќање и одведување на атмосферските води, ископани се нови канали и поставени цевкасти пропусти, а поставена е и хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

pat ilinden2

Вкупната вредност на овој проект е 22 милиони денари од кои 14,5 милиони денари се од агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а 7,5 милиони денари се средства од Буџетот на Општина Илинден.

pat ilinden1

Во рамките на реализација на овој проект извршена е и санација на мостот што ја поврзува улица „8“ со автопатот Скопјуе- Куманово и локалните економски зони.