ФОТО: Река во Србија доби црвена боја во очи Велики петок

Реката Кубрушница во својот тек низ српскиот град Арангеловац добила црвена боја. На социјалните мрежи од синоќа воочи Велики петок, се поставуваат фотографии од водата во реката која примила силна црвена боја.

Надлежните екипи се упатиле на терен за да проверат за што станува збор. Од Општината Топола веќе поднеле кривична пријава против непознато лице поради опасното загадување на реката.

Мештаните сметаат дека се работи за некаква киселина, која протекла низ водата на реката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.