Фото: Реконструкција на сообраќајната лента кај МАНУ

Екипите на Градот Скопје деновиве ја реконструираат крајната сообраќајна лента на булеварот Крсте Мисирков, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ.

Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 115 метри, пред и по автобуското стојалиште. Оштетениот и вдлабнат површински асфалтен слој ќе се изгребе, доколку се јави потреба ќе се санира и потповршинскиот слој и ќе се асфалтира со асфалт-бетон 22С со полимер. Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента ќе се нивелираат и постојните шахти и сливници.

Rekonstrukcija na avtobuska lenta pred MANU (1)

Во текот на градежните работи на булеварот Крсте Мисирков ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз како привремено стојалиште ќе ја користат крајната сообраќајна лента на булеварот Крсте Мисирков, пред Судска палата.

Rekonstrukcija na avtobuska lenta pred MANU (2)

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремениот сообраќаен режим на булеварот Крсте Мисирков, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја намалат брзината на движење.

Rekonstrukcija na avtobuska lenta pred MANU (3)

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на булеварот Крсте Мисирков, пред автобуското стојалиште кај објектот на МАНУ ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар. Градежните работи се очекува да завршат за 15 дена, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши 2,9 милиони денари со ДДВ.

Rekonstrukcija na avtobuska lenta pred MANU (4)

Rekonstrukcija na avtobuska lenta pred MANU (5) (1)