ФОТО: Решила да му покаже на екс партнерот што изгубил

Британката Трејси Кис има илјадници следбеници на ЈуТјуб и Инстаграм откако започнала да објавува разголени фотки на социјалните мрежи, а причина за тоа – нејзиното момче ја оставило.

– Откако го родив првото дете му се посветив комплетно, а себеси се занемарив. Со второто дете уште повеќе. Во 2013 имав проблеми со силиконите во градите и отидов на корекција – кога излегов од болница Лука ме остави. Решив да му докажам дека треба да се кае што ме изгубил , вели младата мајка.

Таа со напорни тренинзи успеала да ја среди својата линија, а потоа „ доказите“ за својот нов изглед ги поставила на социјалните мрежи.

Денеска таа има 50.000 следбеници на Инстаграм и 300 000 прегледи на персоналната Ју Тјуб страна.

– Во дваесеттите години од мојот живот се однесував како да сум остарела и како моето да поминало. Се беше поважно од мене. Кога си мајка други работи се поважни. Но, помислив – треба да бидам млада додека сум млада, па имам само 27 години, додала таа.

Трејси истакнала дека сега се однесува како што и доликува според возраста.

-Потрошив многу години од мојот живот бидејќи луѓето не мислеа дека сум привлечна, ме понижуваа. Јас само се прашувам зошто дозволив тоа да се случи и ве уверувам дека нема да се случи повторно,  заклучила младата Британка.