ФОТО: Рибар фотографирал необично суштество кај Пула

Рибарот Марио Лиговиќ овековечил необична глетка кај Пула.

Станува збор за засега неидентификувано, но прилично големо морско суштество кое на прв поглед потсетува на еден од најголемите видови ајкули, но без експертска помош не може да се утврди за кој вид се работи.

Порталот „Регионал експрес“ наведува дека Лиговиќ тврди дека до сега никогаш не видел ништо слично.