ФОТО: Ријана има ново момче, за кого се работи?

Иако претходно се шушкаше дека Ријана е во врска со Леонардо ди Каприо, сепак пејачката најверојатно се забавува со фудбалер на клубот „Реал Мадрид“.

Станува збор за Карим Бензема. Пејачката и тој биле „фатени“ како тајно се среќаваат во 6 часот наутро во еден зафрлен ресторан во Њујорк. Присутните велат дека се обидувале да останат колку е можно понезабележителни.

foto: Splash

– Избраа маса во аголот каде немаше никој друг. Се трудеа никој да не ги забележи, велат очевидци.

Потоа им се придруѓиле уште двајца, а кога завршиле со вечерата Ријана излегла без Карим. На излезот ја дочекале голем број папараци фотографи.

foto: Splash

Фудбалерот го напуштил ресторанот набрзо по неа.