ФОТО: Ријана модна икона за 2014 година

Поп пејачката Ријана е модна икона за 2014. година. Минатата година таа ја одбележа со изборот на гардеробата за гала-настаните.

Сe уште се зборува за нејзината проѕирна тоалета, украсена со илјадници кристали на Адам Селман, со ракавици и со шапка на доделувањето на наградите на Советот на модните дизајнери на Америка, каде што ја доби наградата за модна икона.

Изборот на облеката на Ријана на настанот само го нагласи она што го изјави дизајнерот Зак Позен за неа:

rijanaaaaaa

“Таа не се плаши да преземе ризик и точно знае што сака”.

Според Позен, токму желбата за шокирање на јавноста ја одржа актуелна и секогаш во центарот на вниманието.

“Ријана, исто така, многу ги цени модните дизајнери”, додаде Позен. “Затоа луѓето, едноставно, сакаат да ја облекуваат”.

Извор: Вест