ФОТО: Ристовски на тридневен Светски образовен форум во Лондон

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски учествува на тридневниот Светски образовен форум 2016, кој се одржува во Лондон, Велика Британија.

Согласно агендата, заменик министерот Ристовски оствари неколку билатерални средби во насока на интензивирање на соработката на Република Македонија со дел од другите земји учеснички.

Ристовски на тридневен Светски образовен форум во Лондон
Ристовски на тридневен Светски образовен форум во Лондон

Тој оствари средба и со Мајкл О’Саливан, генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми во состав на Универзитетот Кембриџ, институција со која Владата на Република Македонија реализира договор за имплементација на наставните програми и учебници на Кембриџ по математика и природни науки на национално ниво. На средбата се дискутираше за досегашниот тек од процес на реформирање на основното образование, како и за активности кои претстојат во таа насока.

Ристовски на тридневен Светски образовен форум во Лондон
Ристовски на тридневен Светски образовен форум во Лондон

Дополнително, работен состанок беше одржан и со Џејн Мен од издавачката куќа на Универзитетот Кембриџ.

Инаку, Светскиот образовен форум е најголемиот интернационален собир на министри за образование, на кој се дебатира за глобалните образовни предизвици, креирањето на политиките за справување со истите и се разменуваат позитивни практики и искуства во областа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.