ФОТО: Рита Ора со оваа фотографија докажа дека не му е љубовница на Џеј Зи

Рита Ора се фотографираше со Бионсе и докажа дека не му е љубовница на Џеј Зи. Пејачката стаса во центарот на шпекулациите за разводот помеѓу Бионсе и Џеј Зи, кога беше обвинета дека таа е една од потенцијалните љубовници на славниот рапер.

Се почна со објавувањето на албумот „Лимонада“ во кој Бионсе отворено говори, односно пее за неверството на нејзиниот сопруг. Во една песна се спомнува „Беки која има убава коса“.

Иако станува збор за изразот што афроамериканците го користат за белите жени, обожавателите се запрашаа која е таа жена што се вмешала во бракот помеѓу Бионсе и Џеј Зи.

Прва на листата за „отстрел“ беше Рејчел Рој, дизјанерка, која го потпали огнот со фотографијата на Инстаграм и статусот: „На убавата коса баш и’ е гајле. Само без драма молам“.

Рој подоцна демантирала дека нејзиниот статус има било каква врска со песната на Бионсе, а потоа следна жртва беше пејачката Рита Ора која има потпишано договор со издавачката куќа на Џеј Зи, „Roc nation“.

По повод тие наводи Рита веќе еднаш се огласи, наведувајќи дека нема да се осврнува на трачевите од таблоидите и јасно потенцира дека тие гласини се неточни. Таа сега се фотографираше на престижаната Мет Гала, со што потврди дека гласините се неточни.