ФОТО: Робертина Мечевска се појави во јавност по тешката несреќа

На тргнувањето за Будимпешта, вардарки денеска ги испрати и им посака среќа нивната колешка Робертина Мечевска, објави ЕКИПА.

Македонската репрезентативка се опоравува по несреќата што ја имаше пред неколку месеци. Но Роби, не ги заборави своите колешки пред најважниот настап сезонава.

„Фајналфор не очекува!!! Среќа ни посака една многу важна личност за нас“, напиша на својот фејсбук профил Бегоња Фернандез.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.