ФОТО: Рудари спасија бебе во заледениот Мајданпек

Дожд вчера врнеше во централна Србија, а силно невреме проследно со силен ветер предизвика хаварија на далекуводот кој напојува три трафостаници за снабдување на општината Мајданпек со струја. Сите надлежни се обидуваат да спречат поголема катастрофа.

Во тој ужас, во родилиштето кое исто така остана без струја, на свет дојде едно бебе. За среќа, рудникот за бакар го отстапил агрегатот за да се обезбеди греење и така да се спасе од маките новороденчето, по 30 часови поминати без струја.

Знаејќи дека поради прекинот на струјата градот се најде во голема неволја, на веста дека во родилиштето во Мајданпек се роди бебе кое требаше својата прва ноќ да ја помине во мрак и во студена соба, рударите испратија агрегат со кој овозможија во собата на мајката Јелена С. (32) и нејзината тукушто родено девојче да и работи греалката и да свети и сијалица, изјавија од рудникот.

Српското министерство за внатрешни работи – секторот за вонредни ситуации синоќа обезбеди два агрегати за да се овозможи снабдување со струја во болниците во Мајданпек во чиј склоп е и родилиштето.

На теренот полицијата им асистира на екипите на Електродистрибуција да го оспособот електроенергетскиот систем за да можат жителите на Бор и Мајданпек да добијат струја.

Градот денеска е во опсадна состојба. Лебот е разграбан по продавниците, а за плински боци се одело дури до крајот на градот. До одредени дела не може да се пристапи поради ледот, а улиците проади студот се прилично пусти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.