(ФОТО)Руската армија маршира под будно око на Владимир Путин

На московскиот Црвен плоштад започна воена парада по повод одбележувањето на 69 годишнината од победата на Втората светска војна која ја набљудува претседателот на Русија, Владимир Путин.

moskvaВо традиционалната парада на Црвениот плоштад учевствуваат повеќе од 11 илјади војници и официри на вооружените сили, полицајци, кадети на воените колеџи и академии како и кадети на воената и морнаричката школа.

Со парадата командува геренал-полковник Олег Саљуков кој е главен командант на копнените сили, наведува Итар-Тас

Претседателот Путин кој е главен командант на руските вооружени сили по традиција присуствува на парадата која годинава ја следат повеќе од 6000 новинари.

moskva 1

 

 

Како и претходните години, парадата се состои од марш, моторни возила и воздухопловна егзибиција.

Ќе бидат прикажани 151 возило, а во воздухопловната егзибиција ќе учевствуваат 68 авиони и хеликоптери.

 

 

moskva 2Воената парада се одржува во уште осум градови кои носат титула на херојски градоци како и во 16 градови во кои има војска, флота и мала касписка флота.