ФОТО: Сакал да ја побара за жена, но ќе ја срушел зградата

Заљубено момче од Холандија сакало пријатно да ја изненади својата девојка, така што со дигалка ќе се искачи до нејзиниот прозорец и ќе и понуди брак.

Меѓутоа она што не го очекувал е дека дигалката ќе се преврти. Дигалката направила дупка на кровот од соседната зграда која набрзо морала да биде евакуирана.

Холандскиот заодник не е повреден, а девојката се согласила да се омажи за него. После разговор со полицијата, среќниот пар отпатувал за Париз.

Дигалката во обид да се исправи повторно паднала такашто градоначалникот на местото Ајсештајн наложил евакуација на луѓето од соседните станови поради безбедносни причини.