Македонија

ФОТО: Само 300 луѓе на протестот на СДСМ

ФОТО: Само 300 луѓе на протестот на СДСМ

Се помалку луѓе излегуваат за да дадат поддршка за протестите на СДСМ против полицијата и Владата. Соросовите медиуми шпекулираа со бројка од 3.000 луѓе кои наводно дошле да протестираат, но вистинската бројка беше околу 300 демонстранти.

Станува збор за истите оние луѓе кои се појавуваат на сите протести на СДСМ било да се работи за протест на пленумите на СДСМ или на некој друг собир на некоја друга тема.

На нивните протести не се појавува дури ни најтврдокорното членство, па медиумите на Сорос слабиот одзив го покриваат со стари фотографии од поранешни протести.

Исто така слабиот одзив е доказ дека СДСМ се соочува и со слаб одзив на своите членови за најавениот протест на 17-ти, со што се зголемува нервозата кај раководството кое станува се поагресивно во притисоците врз своето членство како и притисоци врз вработените во општините со кои тие управуваат.