ФОТО: Самохран татко и прави прекрасни фризури на ќеркичката

Еден самохран татко од Колорадо, САД, сосема заслужено се вклучува во трката за “татко на годината”, а во продолжение дознајте што тој прави за својата мала принцеза.

Имено, Грег Викхирст од Колорадо добил старателство над својата тригодишна ќеркичка Изи, откако се разделил од нејзината мајка и оттогаш тој е задолжен за целокупната грижа за нивното дете.

Не сомневајќи се во себе и во својот успех како самохран татко, Грег се соочил само со еден проблем – како да ја среди косата на својата ќерка, па затоа и одлучил да побара стручна помош во, верувале или не, салон за убавина.

По разговорот со вработените во салонот, Грег одлучил да ги поминува своите паузи за ручек токму во фризерскиот оддел, каде што научил како се прават основните и наједноставните фризури, објавува интернет порталот ”BuzzFeed”.

“Неколку часа ми покажуваа како да направам пунџа, плетенка и друг вид на фризури. Бев навистина изненаден колку е тоа лесно. Мислев дека станува збор за нешто комплицирано, но се уверив дека е сосема едноставно”, изјавил грижливиот татко, кој веќе го освои светот.

Се прашувате кој е резултатот од неговите тренинзи?!

Грег, покрај тоа што ги научил основите за правење на наједноставните фризури, тој може да се прогласи и за своевиден стилист. Грижливиот татко веќе е интернет сензација и на социјалните мрежи, каде што објавува фотографии од своите дела, а поголем дел од нив се и негови лични креации.

Самохраниот татко сега дури и признава дека средувањето на косата на неговата ќерка е и најубавиот дел од неговиот ден: “Омилениот дел од денот ми е кога ќе ја разбудам, а таа уште поспана, го турка своето лице во мојот врат, прашувајќи ме што сум смислил за нејзината коса за новиот ден. Таа љубов, тоа чувство на доверба е најголемата награда што можам да ја добијам”.

f1

f2

f3

f4

f5

f6

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.