Фото: Самоубиство во Белград, се фрлила од 8-ми кат во дворот на кафуле

Непозната девојка на возраст на околу 30 години скокнаа од прозорот на една зграда во центарот на Белград и паднала директно во дворот на едно кафуле, јавија српските медиуми.

Трагедијата се случила околу пладне, а девојката починала на лице место. Никој од гостите не е повреден.

Според неофицијални сознанија на Б92, девојката влегла во еден ресоран, кој се наоѓа на осмиот, последен кат од зградата на „Теразије“ 23 во која се сместени Агенцијата за приватизација и Стопанската комора на Србија. На вработените во ресторанот им рекла дека сака само да разгледа, а потоа се фрлила од балконот.

samoubistvo-bg500

„Бев на шанкот која случнав силен удар, излегов во дворот и видов како девојката лежи во крв. Гостите се разбегаа, бидејќи се уплашија, вели барменот во кафулето „Симбол“, пред кое паднала девојката.

Полициска истрага е во тек.