ФОТО: Шарените ги газеа, македонската полиција ги спасуваше!

Веднаш по насилието кое сакаа да го направат од СДСМ и Сорос, што беше спречено од македонската полиција, протестот го напуштија сите мирољубиви граѓани и демонстрациите завршија, пишува Вечер.

Но, ова е полицаецот кој вчера му помогна со преврска на едно од лицата кои се преставуваат како колеги на новинарите кои ги следат протестите на СДСМ и Сорос под капата на т.н. Шарена Револуција.

1sareni-i-policija

Во обидот на хулиганите да го урнат споменикот на Прометеј, карши Собрание, повредено беше едно лице, за кое, платениците на Сорос и СДСМ тврдат дека е медиумски работник.

Како што пишува Вечер, без разлика кој е и што работи, во целата тензична ситуација, овој херој, припадник на македонската полиција, му помогна и го преврза од повредите кои ги здобил заради вандализмот на демонстрантите кои се обидуваа да го урнат споменикот на Прометеј.

А Сорос и СДСМ плаќаат и организираат насилни протести. Македонската полиција ги одбрани спомениците и државните објекти – колку што можеше – а да не предизвика судир – и помогна да се спаси живот од насилието.

На сликата која ја споделија новинарите на Сорос, се гледа дека полицаец му помага на повреден човек и го преврзува.