ФОТО+ВИДЕО: Савченко од денеска и официјално е пратеник

Украинската пилотка Надја Савченко, која помина две години во руски притвор денес официјално стана пратеник во украинското Собрание.

savcenko-2

Савченко е избрана за пратеник уште во 2014-тата додека беше во притвор. Таа денес во парламентот во Киев рече дека приоритет ќе и биде борбата за ослободување на останатите Украици што се затворени во Русија, пренесува АП.

Савченко се врати во Украина минатата недела кога беше пречекана како народен херој откако во Русија беше осудена, а потоа и ослободена преку размената на затвореници.