ФОТО: СДСМ сака закон за партиска цензура на медиумите

Со месеци наназад СДСМ уценува и ја манипулира јавноста барајќи нов закон за медиуми кој самите медиуми го нарекоа закон за цензура. Опозициската партија отиде дотаму што овие барања ги поставуваше како услов за оддржување на предвремени парламентарни избори, пишува порталот „Курир“.

Порталот потсетува дека една од главните забелешки беше во однос на контролата на медиуми и функционирање на Агенцијата за електронски медиуми, односно нејзиниот Совет иако последниот закон е донесен согласно највисоките европски стандарди и беше поздравен и од ЕУ и од ОБСЕ и притоа наведува дека актуелниот закон, но и кодексот на однесување на членовите на советот најостро забрануваат политичко делување на неговите членови.

Имено,  членот 7 од Етичкиот кодекс најостро забранува партиски дејствувања на членовите, пишува „Курир“.

Членовите на Советот на Агенцијата, директорот на Агенцијата и заменикот на директорот на Агенцијата, како и вработените нема да ја користат својата професионална позиција во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со цел да ги промовираат интересите на која било политичка партија и група која промовира интереси/активности на која било политичка партија.

Членовите на Советот на Агенцијата, директорот на Агенцијата и заменикот на директорот на Агенцијата, како и вработените во стручната служба на Агенцијата, за време на вршење на функцијата односно за време на извршувањето на работните обврски, не можат да извршуваат партиски должности во органите на политичката партија.

Членовите на Советот на Агенцијата, директорот на Агенцијата и заменикот на директорот на Агенцијата, како и вработените, во текот на целиот период за кој се избрани, односно за цело време додека имаат засновано работен однос во Агенцијата, нема да вршат политички активности кои можат да ја доведат во прашање способноста за непристрасно извршување на службените должности, односно должностите ќе се вршат на политички неутрален начин.

Кодексот беше донесен минатата година, но, како што потенцира порталот, очигледно не важи за приврзаниците на СДСМ и СОРОС.

Така, новинарот Зоран Фидановски кој важи за близок до СДСМ, се уште на терен и пружа максимална поддршка на опозициската партија. Тој беше дел од протестите поддржани директно од Зоран Заев.

fidanovski-zoran2-640x1151

Фидановски беше избран за член на Советот на Агенцијата, во јули 2014-та година. Има мандат од 7 години. Сепак, очигледно е дека или не го прочитал етичкиот кодекс или свесно решил истиот да го прекршува. Овој новинар јавно дава поддршка за СДСМ иако тоа е забрането во описот на неговото работно место, пишува „Курир“.

kodeks-agencija-640x375