ФОТО: СДСМ се подготвува за насилно уривање на државата

СДСМ  подготвува насилство и има за цел да предизвика луѓето меѓу себе да почнат да се тепаат.

Најдобар доказ за тоа се фотографиите кои ги објавува порталот „Курир“, а на кои се гледа дека членови на СДСМ по партиските штабови со бејзбол палки физички се подготвуваат за насилство.

Очигледно е дека за опозицијата насилството е единствен одговор на неуспехот кој го доживеаја со бомбата која исчури наместо да експлодира. На овој начин социјалдемократите сакаат да го свртат вниманието во случај кога на граѓаните не можат да им понудат ниту програма, ниту идеи, пишува „Курир“, пренесува Нетпрес.

Зоран Заев и луѓето околу него се соочени дека деструктивното сценарио не им помина. Затоа, како неколкупати досега, работат на подигнување на тензии и вовед во мрачни сценарија, коментираат познавачите.

sdsmtepaci1

Јавноста е згрозена од потегот со кој СДСМ прави раздор на македонското национално ткиво, прави поделба и дестабилизација, со цел да се остварат тесните интереси на Заев и врхушката.

Тие ја ставаат во заложништво целата македонска нација. Штетата која и ја нанесоа на државата е неколкукратна, а без никакво достоинство, продолжуваат со закани и уцени.

sdsmtepa

Тоа го потвдруваат и врвните аналитичари и големи познавачи. Американскиот аналитичар и експерт за Балканот, Јануш Бугајски предупредува дека објавувањето на снимките на Зоран Заев придонесува кон оддалечувањето на Македонија од НАТО.

Експертот на Центарот за европски политички анализи од Вашингтон пишува “Скопје врие од гласини дека грчката тајна служба се обидува да ја дестабилизира Македонија давајќи му на Заев докази за наводни економски манипулации, што доведе до реакцијата на Владата“.

2sdsmtepa

– Со оспорувањето на уставното име на Македонија, Атина упорно оди по неевропска линија и го блокира македонскиот пат кон НАТО и Европската Унија. Изборот на крајно левото движење СИРИЗА во Грција само го зголемува задоволството во Москва и го засилува анти-НАТО и анти-американското расположение во Атина. Како награда, Путин лично го покани премиерот Алексис Ципрас во Москва, пишува Бугајски.

Сите чекори на СДСМ се во корист на други земји, непријателски настроени кон нашата земја. Зоран Заев се стави себеси во функција на Грција и сака да го реализира мрачното предвидување кое го кажа Самарас.

4sdsmtepa

Самарас рече дека Грција нема простор за загриженост бидејќи Македонија наскоро ќе се распадне. Тој смета дека ако нам ни се дозволи да го користиме името Македонија, тоа за Грција би значело национално предавство. .Една од причините за ова, според него, е тоа што право на античката историја освен Грција имаат и други балкански држави.

samarassss

-Јас верувам дека наскоро Скопје нема да постојат како единствен субјект. Тоа значи дека времето е на наша страна. Практично е на наша страна. Бидејќи јас мислам дека тие нема да го одржат единството, кое веќе не е единство, рече Самарас.

5sdsmtepa

 Нацијата во заложништво, се закануваат со 2001-ва!

Со помош на нивните гласноговорници и медиуми се закануваат дека на Македонија ќе и се повтори 2001 година.

Која е целта на СДСМ јасно се гледа и од изјавите на нивните коалициони партнери, како и од пишувањата на медиумите финансирани од СОРОС. Но, сите тие отидоа предалеку!

Спомнувањето на 2001-ва година е најострата закана која може да се испрати и која единствено има за цел да внесе непокорлив страв кај македонските граѓани.

– Случувањата во парламентот на 24 декември беше минијатура во споредба со недемократските практики на власта што ќе ги обелодениме. Ако тогаш кризата се резреши со посредништво на еврокомесарот Штефан Филе, тогаш не гледам како ова би се разрешило без меѓународна медијација. Се плашам дека мора да дојдат ако не сакаме да ни се случи 2001 без пушки, да ја загубиме државата сите… Ако власта оди до крај, може да го судри народот меѓу себе, дали преку религискиот момент или на партиска основа – предупреди екс-кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Знае ли овој човек што значи 2001-ва година? Се сети ли пред да игра политика, на сите жртви од тоа време? На непреболот? На стравот кој неговите зборови го внесуваат во умот и срцата на македонските граѓани?

taga2001

Особено треба да се обрне внимание на изјавата на Пендаровски кој не потсетува на војната од 2001 година, и изјавува дека очекува граѓанска војна по религиска (!) основа, иако ни СДСМ ниту ВМРО ДПМНЕ не доминираат меѓу муслиманите или Албанците кои се втората религиска зедница во Македонија. Дали СДСМ очекува религиска помош за државниот удар? Цената која СДСМ ја најавува за преземање власт без победа на избори е највисока можна. Прашање е само колку Македонци се подготвени да ја платат за СДСМ да се стекне со власт, заклучува Медиа.мк.

Битката да се води на улица и бунтовно, повикува и гласноговорникот од Бихаќка, уредникот на ПлусИнфо, Бранко героски.

-Истовремено, јавно опоменувам –ако не дај Боже, опозицискиве лидери се полакомат и поради било какви причини бидат превеслани, да не ни излегуваат веќе на очи! Пак ќе речам, јас сум убеден дека ако Груевски одлучи да свика избори што самиот ќе ги организира и за тоа ја добие поддршката од ДУИ, опозицијата ќе одговори одлучно и громко-бојкот, улица, отпор и БУНТ, напиша Героски во својата колумна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.