ФОТО: СДСМ/Сорос издишаа во Скопје, носат платеници од внатрешноста

Десетици автобуси со кумановски и велешки таблици пристигнаа во Скопје. Се паркираа кај Олимписки базен и донесоа партиски активисти на СДСМ со цел протестот за поддршка на СЈО да не доживее фијаско, пишува „Курир“.

avtobusi

СДСМ/Сорос знаејќи дека протестот на „шарените револуционери“ ќе биде целосно фијаско, мораа да се ангажираат и да донесат партиски активисти од градовите во внатрешноста на Македонија. Па така 600-на хулигани, партиски активисти беа донесени во Скопје и го блокираа градот.

Од информациите на терен, мнозинството платеници воопшто не знаат зошто се донесени и која е целта. Единствено е тоа што ги гледаат нивните лидери на протестот, кои повторно уништуваат и оштетуваат јавни објекти и површини.

avtobusi-gif1

Инаку, протестот е предводен од  Љуми Беќири и Замир Мехмети, за кои јавноста е запознаена како вандалски се однесуваа кон објектите во главниот град, како и кон полицијата.