ФОТО: СДСМ, Спасовски и Шилегов фатени на дело во Теарце

теарце

На фотографиите кои ги објави „Вечер“ се гледа службениот Ленд Ровер на Спасовски со кој на државна сметка, генералниот секретар на СДСМ, си тера кампања за прегласувањето во Теарце.

Во селото бил и заменик министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој држел говор во дворот на една џамија пред најрадикалните Албанци од Теарце.

Засилување пристигнало и од портпаролот Петре Шилегов, кој таму пристигнал заедно со Спасовски и Самка Ибраимовски.

silegov

Граѓаните кои ја доставиле фотографијата од службеното возило на Спасовски, велат дека Македонците од Теарце се обединети и успеваат да ги блокираат сите обиди на СДСМ да го потплаќа населението.

– Ова создава паника кај СДСМ, па сега не бираат средства и начин, затоа со државни пари прават се да направат фалсификат во Теарце, велат тие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.