Фото: СДСМ стои зад неуспешниот протест во Штип!?

Вистинско фијаско доживеа денешниот протест на студентите во Штип, откако на собирот се појавија само шеесеттина лица, од кои голем дел поддржувачи на СДСМ. Фотографиите покажуваат дека активисти на најголемата опозициска партија всушност стојат зад овој неуспешен протест, објавува Курир.

Студентите не дозволија да бидат манипулирани, маските паднаа, а зад нив стојат лица блиски до СДСМ. Овие фотографии до кои дојдoвме се доказ дека опозицијата прави обид преку манипулации да ги извади студентите на улица. На нив може да се забележи Анастасија Коцева, која е ќерка на Здравко Коцев, поранешен кандидат за градоначалник на Штип од СДСМ.

koceva

Покрај Анастасија Коцева, на денешниот неуспешен протест на студентите во Штип можат да се видат и други фунционери и активисти на СДСМ, како Денис Мемишов- член на штипскиот огранок на СДСМ и Марија Бојковска- член на СДММ Лозово.

denis_thumb_medium500_500

Овие фотографии јасно покажуваат дека зад протестот на студентите во Штип, кој се покажа како целосно фијаско стои никој друг, туку самиот СДСМ. Колку протестот беше неуспешен покажува податокот дека од вкупно 20.000 студенти во Штип, само 60-тина излегоа на протест.

marija_thumb_medium500_193

Студентите не дозволија да бидат изманипулирани и застанаа на страната на квалитетот и заложбата дипломите да бидат еквивалент на знаење, а не парите. Дополнително, СДСМ не излезе со свој предлог за државниот испит, туку напротив, најголемата опозициска партија го отфрли во целост и го прогласи за неуспешен проект, внесувајќи забуна дека се работи за екстерно, нешто што по својата природа и карактеристики е сосема различно.

Сепак, студентите денеска покажаа дека нема да подлегнат на вакви ефтини манипулации, бидејќи е сосема јасно кој ги поттикнува и кој стои зад ваквите протести. Студентите застануваат на страната дека државниот испит се воведува со причина оној кој на било начин и мотив успеал да добие оценки без знаење, да се натера да научи и да биде рамноправен со тие што учеле.