Македонија

ФОТО: Се гради нов сквер со детско игралиште во Кисела Вода

ФОТО: Се гради нов сквер со детско игралиште во Кисела Вода

Течат градежните активности за изградба на уште еден проект кој се реализира на барање на граѓаните од Кисела Вода. Новоизграденот сквер ќе се протега на 400 квадратни метри, во близина на економско-правното училиште „Васил Антевски Дрен”.

sl28_2

Комплетно хортикултурно и партерно уреден, со клупи, канделабри, јавна чешма и парковско зеленило, просторот е поделен на два дела, парк со фонтана- чешма и детско игралиште.

До крајот на февруари ќе им обезбеди на дечињата од општина Кисела Вода, безбеден простор за игра и рекреација, а на нивните родители спокоен одмор.

sl28_3

Проектот е изработен од проектантската куќа „Инпума“, изведувач е АД „Пелагонија Гостивар”.

Се работи за комплетна инвестиција на општина Кисела Вода во износ од 2 100 000 денари.

„Изградбата на овој објект претставува наша обврска бидејќи најмладите жители на општината и потребите кои тие ги имаат се секогаш приоритет за нашата граѓанска заедница“, велат од општина Кисела Вода.