ФОТО: Се одржа Бела Ноќ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вчеравечер (3 октомври) пред Музејот на Македонија го отвори 11-то издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ, каде што е поставена изложбата „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“.

bela-nokj-3

Ми претставува задоволство и чест да ја отворам манифестацијата БЕЛА НОЌ којашто изобилува со изложби, перформанси, инсталации, концерти, бесплатен филмски маратон во Кино Милениум, односно градот Скопје, како и изминатите 10 години ќе понуди забава за сечиј вкус. Сакам да ги поздрав и гостите од Маниса коишто се во посета на нашиот град и се надевам дека ќе уживаат во неговите убавини, како и во содржините на оваа „ноќ на културата“. Ја користам можноста да им се заблагодараам на организаторите на манифестацијата БЕЛА НОЌ, за вложениот труд да обезбедат богата програма, односно на Младинскиот културен центар и на вработените во Одделението за култура во Град Скопје, истакна градоначалникот Трајановски.

Изложбата во Музејот на Македонија „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“ претставува дел од култовите на плодност што се практикувале на територијата на Македонија од предисторијата до денес, а  беше  дополнета со настап на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски.

bela-nokj-4

Како и изминатите десет години, и годинава на секој агол низ градот Скопје  се славеше уметноста, а посетителите уживаа во:  модна ревија на  модното студио Црнокрак; концертот  на The Protagonist  и музичкиот спектакл на The Stroj од Словенија на Плоштад Пела, во изложбата Ерос и Танатос на која  учествуваат Kирчо Арсовски, Атанас Ботев, Билјана Василева, Роберт Дандаров, Горјан Ѓорѓиев, Шќипе Мехмети, Јасминка Новковска, Александар Станкоски и  Kрунислав Стојановски, поставена во Музеј на Град Скопје; во просторот во Национална Галерија (Мала Станица)  во изложбата Во кој свет живееме? (2012, 2013, 2014 година); во изложбата „Четири пози„ на авторите:Никола Мартиновски, Васил Василев, Мирослав Масин и Никола Ангековски во Културно Информативен Центар; А во Куршумли Ан во изложбата  во акварел и темпера на Ана Димчевска – „Зигот“.

bela-nokj-5

Во МКЦ се одржа изложба на Горјан Ѓорѓиев „Протест – Сексплозија“ ,  Мултимедијален перформанс:East meets West; МКЦ – ХОЛ/ПЛАТО Антони Мазневски – Времено 52’ / Temporary 52’ и во Дансинг Сала – МКЦ -мултимедијална изложба– светлечки кутии на  Сашо Поповски– Реалноста на Виртуелното/Reality Of The Virtual; Дарко Заревски – изложба на две слики “Look, no hands” – (35х54; 85х44); Кристина Зимбакова – Потоморена револуција/Concealed Revolution.

На платото пред куќата на Мајка Тереза, ПЛАТО со Кореографија на улица/Street dance, настапија РЕБИС.

bela-nokj-6

И Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје имаше своја  Музичко-поетска програма: Промоција на Библиографија на монографски публикации „Скопски писатели“ од Сузана Данаилова.

Дом на културата Кочо Рацин- проекција на документарен филм (30 мин.) на Дороти Пачкова; а во временскиот интервал од 17 до 22 часот ДКЦ беше  отворен за активности како на пр. цртање, танцување, глумење (импровизации), едукативни игри, а со децата ќе работат едукатори, кои се непосредно одговорни за работилниците што се одржуваат во центарот.

Исто така, во Дом на АРМ се одржа изложба на копаничарски дела од автори од Македонија, а на Улица Македонија Венета Иљовска се претстави со свои пишани изданија и со материјали што ја претставуваат кореспонденцијата на пишаниот збор со визуелните форми на комуникација.

bela-nokj-2

Концерти се одржаа на платото пред МКЦ и на ШКОЛКА во Градски парк – ПАНК-РОК фестивал. И годинава Градско Кино Милениум понуди одлични филмови за бесплатниот филмски маратон за БЕЛА НОЌ!

Во рамките на БЕЛА НОЌ,веќе традиционално  граѓаните на град Скопје имаа можност да поминат  бесплатно попладневно матине во Зоолошката Градина. Влезот беше бесплатен од 17:00 до 19:00.

На денот на одржување на Бела ноќ, како и изминатите години и оваа година беше организиран бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19:00 часот, на сите линии кон центарот на Скопје.

bela-nokj-1

Организатор на манифестацијата БЕЛА НОЌ е Младинскиот културен центар, а Градот Скопје, како покровител, за успешна реализација на оваа специфична ноќ исполнета со уметност и музика, од Буџетот за 2015 година одвои 3,5 милиони денари.