ФОТО: Се отвори дупка и проголта автомобил во Белград

Огромни дупки почнаа да се отвораат на патиштата во Србија. Автомобилот во кој бил белграѓанецот Бојан Тодоровски пропаднал во дупка која се отворила на една од градските улици и притоа возачот бил полесно повреден.

Дупката на улицата се отворила одеднаш, а автомобилот пропаднал во неа со левото тркало.

Во  инцидентот било оштетено ветробранското стакло, а возачот со полесни повреди бил пренесен во болница.