ФОТО: Се отвори земјата во Неапол

Огромна дупка се отвори синоќа среде раскрсница во Неапол. Евакуирани се повеќе од 300 граѓани од оваа област.

Дупката, за среќа, се отворила околу 5 часот утрово, кога на улицата немало никој. Иако нема штета на околните згради, локалните власти спровеле итна евакуација на 380 лица, пишува италијанскиот весник „Ил Матино“.

Жена која живее во една од зградите во близина чула силен тап звук, а кога погледнала низ прозорецот видела како автомобил паѓа во јамата над напуштениот подземен железнички тунел.

Откако ќе биде утврдена штетата, дупката ќе биде затрупана со бетон. Кога подрачјето ќе биде безбедно, на семејствата ќе им биде доволено да се вратат во своите домови.

Ваквите дупки обично се јавуваат кога темелите од вар ќе ги растопи водата од канализацијата.

Овој месец во Кентаки се отвори дупка широка 12 метри, која проголта осум класични музејски автомобили кои вредат неколку милиони долари.