Свет

ФОТО: Се отвори земјата во Русија!

ФОТО: Се отвори земјата во Русија!

Русија има големи проблеми со пропаѓање на земјиштето и појавата на големи и длабоки дупки, а овој феномен повеќе не е ограничен само на Сибир. Нова, но навистина голема дупка, се отворила на подрачјето на Урал.

Во местото Соликамск, покрај рудникот Соликамск-2, се отворила џиновска дупка во земјата со големина од 20×30 метри и засега непозната длабочина. Компанијата “Uralkali”, која управува со наведениот рудник, тврди дека постои опасност од ширење на дупката, но локалното население стравува дека црната земја би можела да проголта градот.

Дупката се појавила на 18-ти ноември и тоа на сред населено подрачје, на 3,5 километри од наведениот напуштен рудник. Шефот на “Uralkali”, Дмитриј Осипов, истакнал дека инцидентот е локализиран и дека немало катастрофални последици за населението, ниту за компанијата, пренесува E1.ru.

D2

Иако изгледа како дупката да проголтала дел од куќите, сепак во неа пропаднале само градини, додека околните куќи избегнале катастрофа, буквално за метар – два.

Пред појавата на дупката, компанијата ги евакуирала рударите од “Соликамск-2”, поради продирање на солена вода во рудникот. Нивото и однесувањето на водата константно се набљудува.

Градот Соликамск речиси целосно е лоциран над рудникот “Соликамск-1”, истакнал градоначалникот Сергеј Девјатков. “Засега нема потреба да зборуваме за првиот рудник. Таму е сè во ред”, додал тој.