ФОТО: Се ожени Кристијан Голубовиќ

Еден од најголемите балкански криминалци од 90-те Кристијан Голубовиќ (45) се ожени со својата избраничка Ивана, со која очекува бебе.

По желба на Ивана Кристијан не направил голема свадба на која би поканил стотици пријатели. Сепак тој се пофали на социјалните мрежи дека станал сопруг.

– Денес се венчав во црква за прв и последен пат. Им се извинувам на сите кои во голем број би дошле на оваа церемонија, а не ве известив ниту ве поканив, бидејќи мојата невеста не сакаше да правиме голема помпа околу тоа – напиша Кристијан на социјалните мрежи.

Извор: Zazabava.com