Се подготвува изградбата на ТИРЗ Мамутчево (ФОТО)

Општина Велес продолжува да инвестира во отворање на индустриски зони. По успешната изградба и продажба на парцелите од зоната „Караслари”, каде веќе работи германската компанија „Маркарт” а неколку нови капацитети се градат, општината веќе  ги започна подготовките за изградба на новата индустриска зона „Мамутчево”.

Планската документација e веќе комплетирана. Зоната предвидено е да се протега на површина од 43 хектари. Индустриската зона ќе биде поделена во три парцели а според плановите, просторот ќе биде наменет за изградба на поголеми производствени капацитети. Инаку според дејноста, во индустстриската зона Mамутчево се планира да работат компании од лесна и незагадувачка индустрија.

Локацијата каде ќе се наоѓа новиот индустриски комплекс денес ја посетија пратеникот Илија Димовски и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев. Двајцата го нагласија големото значење за оваа новофрмирана зона за целиот велешки регион, зашто со тоа ќе отвораат голем број работи места.

mamutcevo2
-Заедно со градоначалникот Чадиев денес сме на местото каде што ќе се гради новата индустриска зона „Мамутчево’. Со оглед на тоа дека градоначалникот ги исцрпи сите можности за локации на досегашните индустриски зони, заедно донесовме една одлука да ги развиваме овие можности во градот. Мојата улога во целата работа е да се запознаам со капацитетите, димензиите и инфраструктурата за да тоа го презентирам пред државните органи, владата и министрите задолжени за привлекување на странски
инвестиции. Би искажал огромно задоволство од соработката со владата. Во досегашниот период беа направени големи работи за Велес како во случајот со германската компанија „Маркарт” и индиската групација која ќе гради во „Порцеланка”. Целта ни е оваа зона ќе биде со големина од 43 хектари и ќе
биде најголема во Велес да биде уште една успешна приказна. Веќе разговараме со заинтересирани компании за инвестирање во оваа зона. Нови фабрики и нови работни места е основата на нашата политика, рече Димовски.

mamutcevo

-Имајќи ги во предвид карактеристиките на Велес и погодната местоположба во централниот дел на Македонија, како и значајните комуникациски услови, се појави заинтересираност кај за нови инвестирања во индустриски капацитети. Токму затоа ја оформивме и оваа нова индустриска зона „Мамутчево” која ќе
има три парцели со површина од 6.6 м2, 10м2 и 25м2. Очекувам голем интерес за вложување. Во досегашниот период има сериозни најави, што нам како Локална самоуправа ни влева голем оптимизам. Нашите напори се за засилен и брз економски развој. И затоа ќе продолжиме да го користиме секој простор за реализира на оваа наша цел, истакна Чадиев.

Неодамна се одржа и презентација на новата индустриска зона пред претставници на велешкиот бизнис сектор.  Бизнисмените се распрашуваа и бараа подетално објаснување за можностите и поволностите кои ги нуди Општина Велес за изградба на производствени погони на предвидената локација.

Инаку, индустриската зона „Мамутчево” е трета во општина Велес. Во „Речани 2” и „Караслари” се продадени сите парцели. Вкупната површина на индустриските зони во Велес изнесува над 100 хектари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.