ФОТО: Се преврте автобус на ЈСП, повредени 20 патници

Автобус број 67 на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје кој сообраќал на линијата од Транспортен Центар – Зелениково утрово во 6:10 часот се превртел на ул. „Драчевска“, при што се повредени 20 патници.

Увидот се уште е во тек, а повредените патници се пренесени во Ургентниот центар, Градската општа болница „Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8-ми Септември“.

– Во градската општа болница „8-ми Септември“ биле примени пет лица, со полесни телесни повреди. Врз нив се направени сите потребни испитувања и утврдено е дека имаат само набиеници. Сите петмина се пуштени на домашно лекување, вели Сашо Стојчев, директор на ГОБ „8-ми Септември“.

A1

Според првичните информации, нема потешко повредени патници, а некои од нив се веќе пуштени на домашно лекување.

Возачот на автобусот не е повреден, меѓутоа е многу вознемирен и се уште не може да каже како точно се случила несреќата.

avtobus-1

avtobus-3

avtobus-5

avtobus-6

avtobus-7

avtobus-8

Фото: Курир