ФОТО+ВИДЕО: Се разнел со бомба во центарот на Белград

Непознат маж денес нешто по 12 и 30 часот се разнел со бомба во центарот на Белград, во слаткарницата што се наоѓа на улицитата Илија Гарашанин, пишува српски „Курир“.

Улицата која се наоѓа во близина на Спортскиот центар Ташмајдан и Петата белградска гимназија била потресена од силна детонација. На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата и екипи на брзата помош.

belgrad-bomba-2

Српското МВР, потврдило дека се работи за самоубиство, а читателите на Курир јавуваат дека мажот влегол во слаткарницата ги избркал сите надвор, легнал на бомбата и се разнел.

Слаткарницата веќе со генерации наназад е во сопственост на Братислав Петковиќ некогашен министер за култура.

Увидот на полицијата е во тек, а повеќе информации се најавуваат за подоцна во текот на денот.