ФОТО: Се разубавува крајбрежјето на Дојранското Езеро

Во пресрет на туристичката сезона се разубавува крајбрежјето покрај Дојранското езеро. Деновиве беа засадени 100 палми со височина од 4 до 6 метри, а дополнително ќе се изврши и попесочување на плажите.

Палмите веќе се засадени покрај крајбрежјето, а станува збор за садници кои што се донација од Јавното претпријатие Македонски шуми.

palmi_2

Дополнително, како што најавуваат од општина Дојран пред престојната туристичка сезона, се преземаат и други мерки за разубавување на крајбрежјето.

Во текот на следните денови ќе бидат донесени 2.000 тони, односно 100 камиони песок за попесочување на плажите.

palmi_3

Се очекува дека годинава дополнително ќе биде зголемен бројот на туристи кои што ќе уживаат во убавините на Дојранското Езеро.

За тоа дополнително ќе придонесе и надоаѓањето на водата во Езерото. Во моментов езерото се наоѓа на 145 цм над нулта кота.  Само за потсетување во 1988 година, пред да почне испуштањето на водата кон грчката страна езерото имаше 120 сантиметри од нултата кота.