ФОТО: Се роди животно кое е половина зебра, половина магаре

Минатата недела во зоолошката градина Рејноса во Северно Мексико се роди Кумба, половина зебра, половина магаре.

Мајката на Кумба е зебрата Раја, а таткото е магарето Игнацио. Тие редовно доаѓаат да си го видат малечкото.

Од зоолошката градина велат дека Кумба е редок вид животно, бидејќи хромозомите на зебра и магаре, по правило, не се компатибилни. Но сите се надеваат дека во овој случај мајката природа направила добар спој.