ФОТО: Се санираат штетите предизвикани од невремето во општина Радовиш

Невремето кое ја зафати општина Радовиш, кое беше проследено со поројни врнежи од дожд и силен ветер предизвика големи штети во општината од кој најмногу во населените места Калуѓерица, Воиславци, Ораовица, Подареш, Дамјан и др, а предизвика и големи материјални штети на земјоделските посеви во Радовишко поле.

radovis_steti (2)

Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов заедно со своите екипи и соработници, како и претставници на Центарот за управување со кризи во текот вчерашниот и изминатите денови се на терен за да се информират и ги увидат направените штети од невремето, а исто така да ги дадат правците за работењето на механизацијата на расчистување и санирање од наносите и оштетените патишта во овие населени места.

radovis_steti (3)

– Општина Радовиш ги презема сите мерки што побрзо да се санираат штетите од невремето, целата расположлива механизација од јавните претпријатија и градежните компании од Радовиш е на терен и работи. Се надеваме дека временските услови ќе се подобрат и интензитетот на работите околу санациите ќе се забрза, водата започна да се повлекува но мора да бидеме на терен со целата расположлива механизација и екипи за да им помогнеме на сите граѓани, изјави Градоначалникот Сашко Николов.

radovis_steti (5)

Најпогодени во општина Радовиш каде што и состојбата е сериозна се населените места Воиславци, Калуѓерица и Подареш, Ораовица и Дамјан во дел од нив надојдените води освен во дворовите, се навлезени и во нивните куќи и подрумски простории кои се и поплавени, исто така и големи материјални штети се предизвикани на земјоделските посеви низ Радовишко поле.