ФОТО: Се судрија мотор и минибус на ЈСП- две лица на Ургентен

Сообраќајна несреќа се случи денес околу 13:15 часот на улицата Лазар Трпковски во Топанско поле, при што повредени се две лица.

Како што може да се види од фотографиите кои ни ги испрати наш читател, во сообраќајната несреќа учествувале мотор и минибус на ЈСП- Скопје.

Според првичните информации, двете лица се пренесени на Ургентниот центар.

Од МВР ја потврдуваат сообраќајката и работат на утврдување на причините за настанување на сообраќајната несреќа.