ФОТО: Се урна дел од станбена зграда во Сибир, еден мртов

Се урна делот од влезот на петкатна станбена зграда во Междуреченск, град во областа Кемерово во Русија, јавува „Раша Тудеј“.

Се претпоставува дека најмалку едно лице починало.

Три лица се погодени со уривањето, велат извори од истрагата.

Во моментов на местото се распоредени локални спасувачки тимови и медицински лица.

Покрената е истрага за причините за уривањето на зградата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.