ФОТО: Се вери Лејди Гага, погледнете го прстенот

Славната пејачка Леди Гага се вери за своето долгогодишно момче Тејлор Кини.

Со вереничкиот прстен во облик на срце се пофали на Инстаграм. „Ми го подари своето срце за Валентајн, а јас реков – ДА“, напиша Гага во описот на фотографијата. После запросувањето, двојката веридбата ја прославила во ресторан.

Гага и Тејлор се запознале на снимањето на нејзиниот спот „You and I“ во 2011 година и од тогаш се нераздвојни.