ФОТО: Се запали автобус во Црна Гора, Македонец едвај се спасил

Автобус на фирмата „Божур“ синоќа го зафати пожар, 45 минути по полноќ во местото База, на патниот правец Беране – Рожаје во Црна Гора, објави Сител.

Нема повредени во пожарот, а во автобусот имало и еден Македонец кој испратил ексклузивни фотографии од пожарот.

-Додека се возевме кон Рожаје на неколку километри пред нас се слушна силен тресок. Неколку стотина метри автобусот застана но доцна беше, зошто чадот навлезе внатре. Шоферот беше во паника зошто не можеше да го извади противпожарниот апарат. Пламна автобусот, но сите патници веќе беа надвор. Повикаа и пожарна ама веќе беше доцна, изгоре цел автобус. Се смрзнавме на патот, секаде снег околу нас, околу 20 см. Патот беше блокиран повеќе од саат време. Дојдоа две пожарни возила до Рожаје, ама не можеа ништо да направат да го спасат автобусот. Со друг автобус отидовме до Беране да чекаме друг автобус за да го продолжиме патувањето, сведочи Македонецот кој се нашол во овој автобус и го преживеал хоророт.

Во интервенцијата учестувале шестмина припадници на Службата за заштита со две пожарникарски возила. Пожарот е локализиран околу 2 часот. Се препоставува дека причина за пожарот е триење и запалување на задните погонски гуми на левата страна од каде пожарот се проширил на внатрешноста од автобусот.

Во пожарот не изгорел багажот на патниците зошто бил на другата страна.

ФОТО: Сител.мк