ФОТО: Се запали фабрика во Битола

fabrika500


Се запали фабриката „Виго” поранешна „Прогрес”. Неофицијално пожарот избил во оџакот во 14 часот и додека пристигнат екипити на Против пожарната територијална единица од Битола огнените јазици ја зафатија цела фабрика.

„ Се започна во 14 часот кога ние си работевме во фабриката и наеднаш осетивме мирис од џад. Се јавивме веднаш во пожарната во Битола, но поради тоа што возилото дојде касно пожарот почна да ја зафаќа цела фабрика. Веднаш почнаа луѓето да се евакуираат за да нема настрадани”, изјави Зоран Јанкуловски вработен во „Виго”.

До 16 часот додека беше екипата на терен на Тера пожарот го локализираа 4 против пожарни возила, Поради безбедносни причини полицијата не ги пушташе возилата и минувачите да бидат во близина на фабриката ВИГО.Заради одредени информзации дека опасност претставувале плински боци ограничено беше движењето а и некои шпекулираа дека доколку опасноста се зголеми ќе направат евакуација.

Екипите на пивпожарната единица на Битола се обидуваа да го изгаснат пожарот но тие најмногу се сконцентрирани да ја отстранат опасноста од евентуана експлозија на плински боци.

Пламените јазици буквално го голтнаа таванскиот дел од фабриката, а постои голема опасност покрај машините целосно да изгоре и комплетното производство на готови кандидаторски производи Компанијата Виго е сопственост на КАМ од Скопје.

Фото: Тера