Фото: Седум лица повредени, се судрија трамвај и автобус во Софија

Најмалку седум лица се повредени при судир на автобус со број 72 и трамвај со број 10 на раскрсница во центарот на Софија.

Според првичните информации до несреќата дошло околу 10:50 часот, откако возачот на автобусот поминал на црвено.

Од ударот трамвајот бил помесетен од шините, а прозорите на автобусот се искршени.

katastrofa-bg500

Повредени се седум патници, од кои со најтешки повреди завршила 58-годишна жена.

3sofija500

Возачот на автобусот тврдел дека му откажале кочниците.

2sofija500

Поради сообраќајната несреќа улицата „Витоша“ и плоштадот „Журналист“ се затворени за сообраќај.