Фото: Седум лица повредени во сообраќајка кај Катланово

Седум лица се повредени, од кои едно потешко во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска попладне на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово.

Очевидци раскажуваат дека несреќата се случила кога црн автомобил, најверојатно со косовски регистарски таблички, удрил во „мерцедес“ со велешки таблички, патниците биле од Кавадарци.

Сведоците тврдат дека косовскиот автомобил возел во спротивна насока на автопатот од Велес кон Скопје, најверојатно грешејќи ја делницата, додека „мерцедесот“ претекнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување, кога се судриле директно, објави Утрински весник.

katlanovo-1-500

katlanovo-2-500

katlanovo-3-500

katlanovo