ФОТО: Шакира го покажа трудничкото стомаче

Популарната колумбиска пејачка Шакира, долго време ја криеше веста за втората бременост со славниот фудбалер на Барселона Жерар Пике.

Пејачката се одлучи за прв пат на Инстаграм да сподели своја фотографија на која се истакнува нејзиното стомаче.

Веста за втората бременост на убавата 37-годишна пејачка ја открија нејзините родители, истакнувајќи дека повторно се работи за момче.

Шакира претходно изјави дека би сакала еден ден да има ќерка, но дека исто така сака и момчиња.

Инаку Шакира и Пике веќе заедно го имаат 21-месечниот син Милан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.