Фото: Што остана од запалениот хол во трговскиот центар во Штип

Истопена пластика на кровните конструкции, пепел, чад од дебелите картони, многу прашања и љубопитни погледи во холот на трговскиот центар во Штип. Според очевидци, пожарот избувнал околу 4 часто наутро, но полицијата е на терен и врши увид по што ќе излезат со сознанија кои се причините за пожарот, пренесува порталот „1.мк“.За оган е потребен човечки фактор, може да биде директен, но и индиректен. Се уште е рано да се зборува за причините за пожарот, но подолго време се зборуваше дека ваков, каков што е холот на трговскиот центар, само прашање на време е кога ќе се случи хаварија и катастрофа. Среќна околност е што во утринските часови нема никој, па избегната е поголема трагедија а забележани се и испукани стакла на неколку дуќанчиња.

Среќа е и што големите и масивни светилки останале закачени на кровот, бидејќи ако огнот ги „закачил“, можело да се случи и поголема катастрофа. Местото не е сигурно за движење, токму од овие причини. Со полициска трака е опколено а полицијата не дозволувава влез во холот, додава на крајот „1.мк“

pozst1

pozst11

pozst12

pozst13

pozst14

pozst15

pozst2

pozst3

pozst7