(ФОТО и ВИДЕО) Силен шумски пожар се шири на грчки остров

Силен шумски пожар избувнал во неделата попладнето на грчкиот остров Евија, 70 километри североисточно од главниот град Атина, каде што се евакуирани две населни, објави Противпожарната заштита на Грција, а владата објави дека премиерот Алексис Ципрас е постојано информиран за моменталната ситуација со стихијата која не може да се стави под контрола.

Според информациите од грчките пожарникари, пожарот избувнал во попладневните и за неговото ширење придонеле силните ветрови и тој неконтролирано се шири преку теренот покриен со борова шума во близина на населбата Кондодеспоти. Во гансењето на огнот се вклучени повеќе од 210 лица, со 62 противпожарни воила, пет хеликоптери и шест авиони.

Превентивно евакуирано е населението од местата Кондодеспоти и од Ставрос, кое со автобуси било пренесено надвор од опасната зона. Евакуиран е манастирот Панагиас Гороепикоу. Според челникот на локалните власти Дирфион-Месапион Јоргос Псатас, силниот ветер му погодува огнот да се приближи кон куќите. Во моментов нема информации за жртви или настрадани и исчезнати, само е познато дека од Кондодеспоти се евакуирани околу 300 лица. Во приправна состојба е ставен целиот медицински персонал во болницата во Халкида и во здравствениот дом Псахна.

„Огнот формираше голем фронт. Сега пламенот влезе во боровата шима и се движи во насока кон населбата Псахна“, изјавил Псатас. Локалната власт ја ангажирала градежната механизација во областа, со којашто работниците се обидуваат да ископаат ровови кои ќе го спречат огнот да се шири кон населбите.

Полицијата го затворила за сообраќај патот меѓу Халкида, административниот центар на Евија, и а северот од островот, бидејќи видливоста е минимална поради густиот чад. Бројни магистрални патишта во областа, исто така, се затворени.

Премиерот Алексис Ципрас е постојано информиран за силниот пожар на Евија, соопшти неговиот кабинет. Ципрас е во постојан контакт со одговорниот министер, шефот на минситерството за внатрешни работи Панос Скурлетис, како и со министерот за земјоделие Вангелис Апостолу, кој се наоѓа на местот на настанот, се додава во соопштението.