(ФОТО) Син дијамант од 12 карати изложен во музеј во Лос Анѓелес

Син дијамант од 12 карати кој годинава беше пронајден во Јужна Африка, изложен е во Природниот музеј во Лос Анѓелес.Стручњаците тврдат дека каменот „Блу Мун“ во превод „сина месечина“ е со исклучителен квалитет и дека ова откритие ќе влезе во историјата.

sin dijamant 1

Во светот постојат уште неколку сини дијаманти кои се поголеми од него, како што е дијамантот „хоуп“, кој е 45 карати и е пронајден во Индија во 17 век.

„Хоуп“ според легендата е проколнат, бидјеќи сите негови сопственици завршиле со насилна смрт. Неговата боја е сиво плава, за разлика од Сината Месечина која е со интензивна сина боја.

sin dijamant 2

Вредноста на овој камен се уште не е позната.На пола помал дијамант од овој до сега се продаваше по цена од два милиони долари по карат, со тоа што цената расте што е поголем каменот.